Вест

Најава за натпревар – 29. коло

По освоениот бод на домашен терен против екипата на Академија Пандев во рамки на претходното 28. коло, со што нашите момци ја одржаа позитивната серија натпревари без пораз, во рамки на претстојното 29-то коло од ПМФЛ одиме во Тетово подготвени за надигрување со фаворитот – екипата на ФК Шкендија.

Во пресрет на завршницата на оваа сезона како и големото финале на купот, нашите лавови ќе дадат се од себе да ги искористат сите “математички” шанси за освојување на 4-тата позиција на табелата.

Натпреварот ќе се одигра утре, сабота – 20.04.2019 година, на Еколог Арената во Тетово, со почеток во 16:00 часот.

Линк за следење на натпреварот: http://tv.ffm.mk/

Почетен состав