Вест

Најава за натпревар – 34. коло

Атмосферата во соблекувалната на нашите момци останува на високо ниво, а по победата против Шкупи во рамки на претходното коло мотивацијата за продолжување на позитивната серија и овој викенд е уште повисока.

Секој натпревар до крајот на сезоната за лавовите е како финале, се до она вистинското во Купот на Македонија кое ќе се одигра на 22.05.2019 година, па така нашите момци во рамки на претстојното 34-то коло од ПМФЛ атакуваат на триумф на гостински терен против екипата на Работнички.

Натпреварот кој е на програмата овој викенд, ќе се одигра утре (недела) – 12.05.2019 година, на Националната арена Тоше Проески (градски парк – Скопје), со почеток од 16:30 часот.

Заедно да ги поддржиме нашите момци во борбата за позиција погоре на табелата во домашното првенство, во која со три победи во последните три кола можеме да обезбедиме висока четврта позиција на крајот од сезоната.

Линк за следење на натпреварот: http://tv.ffm.mk/