Вест

Трансфер-маркет новости

И како што веќе навикнавте, продолжуваме со претставување на играчките “освежувања” во редовите на нашиот тим, реализирани во рамки на тековниот преоден рок (претходни две: овде и овде).

Уште едно топло добредојде, за уште еден повратник во црвено-жолтиот дрес, старо-новиот лав Ален Јашароски (27), кој ќе го засили нашиот тим по успешната соработка со ФК Приштина.

“Убаво е да се вратиш кај своите. Среќен сум што сум повторно на овој терен и во овој дрес! Верувам дека можам да помогнам и знам дека ќе дадеме максимум во претстојните походи кон нови успеси.”

Добредојде лаву!