Вест

Трансфер маркет – новости

И како што веќе навикнавте, во континуитет продолжуваме со претставување на играчките “освежувања” во редовите на нашиот тим, реализирани во рамки на тековниот преоден рок.

Уште едно топло добредојде за бразилското засилување Фернандо Аугусто Родригес де Араујо (25) кој директно од Бразил носи дополнителна свежина и цврстина во одбрамбената линија на нашиот тим.

Welcome Fernando!

“Среќен сум што доаѓам во нова средина каде што сум прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб – нешто што знам дека ќе го возвратам со иста мера. Со нетрпение чекам да го облечам дресот и да го дадам својот допринос за што поуспешна сезона.”

Добредојде Фернандо!