Вест

Најава за натпревар – Куп на Македонија

По победата во првиот дуел од натпреварот  против екипата на ФК Беласица на гостински терен во рамки на купот на Македонија (со резултат: Беласица 1:4 Македонија Ѓ.П.), нашите Лавови со позитивен резултат влегуваат во дуелот од полуфиналето и подготвени ја пречекуваат екипата од ФК Академија Пандев.

Натпреварот ќе се одигра во вторник – 06.04.2021 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток на 15:00 часот.

Ве повикуваме, заедно да ги поддржиме нашите Лавови, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата во овој двомеч и преку нова победа на домашен терен да го обезбедиме местото во големото финале!