Вест

Најава за натпревар 21 Коло

По одиграното реми во рамки на дваесеттото коло изминатиот викенд, нашите момци со освоени 2 бода во два натпревари досега, од третата позиција на табелата, подготвени го пречекуваат новиот фудбалски предизвик оваа недела.

Противник на Лавовите во претстојното дваесет и прво коло е екипата на ФК Академија Пандев, каде нашите момци гостуваат веќе во среда – 03.03.2021 година, на стадионот Спортски Центар Горан Пандев (Струмица) со почеток во 14:00 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци,
Преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата уште од самиот почеток на сезоната.