Вест

Најава за Натпревар – 23. Коло

По успешната победа против Силекс Кратово во 22. Коло од ПМФЛ, веќе одбројуваме и со нетрпение го очекуваме следно коло кое треба да донесе нови бодови и возбудувања и овој викенд.

Натпреварот повторно против Силекс Кратово ќе се одигра в недела – 14.03.2021 година, на стадионот Ѓорче Петров, со почетокот на 15:00 часот

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.