Вест

Најава за натпревар – 24. Коло

Во последните две одиграни натпревари, нашите момци со еден пораз и една победа досега, од третата позиција на табелата, подготвени го пречекуваат новиот фудбалски предизвик и оваа недела.

Противник на лавовите во ова дваесет и четврто коло е екипата на ФК Ренова, каде нашите момци гостуваат веќе во сабота 20.03.2021 година, на стадионот Еколог Арена (Тетово) со почетокот на 15:00 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.