Вест

Најава за Натпревар – 25. Коло

По победата со ФК Ренова од претходниот натпревар, нашите Лавови во дваесет и петото коло од ПМФЛ викендов се подготвени, со мотивиран состав ќе ја пречекаат екипата на ФК Академија Пандев.

Натпреварот ќе се одигра во сабота – 03.04.2021 година, на стадионот Ѓорче Петров, со почетокот на 15:00 часот.

Ве повикуваме, заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.