Вест

Најава за натпревар – 27. Коло

По одиграниот натпревар во рамки на дваесет и шестото коло изминатиот викенд, нашите момци со освоени 3 бода во два натпревари досега, од третата позиција на табелата, подготвени го пречекуваат новиот фудбалски предизвик и оваа недела.

Противник на Лавовите во дваесет и седмото коло е екипата на ФК Борец, каде нашите момци се домаќини веќе во среда – 14.04.2021 година, на стадионот Ѓорче Петров со почеток на 13:00 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.