Вест

Најава за натпревар – 30. Коло

По поразот во претходниот дуел од натпреварот против екипата на ФК Струга Трим & Лум на домашен терен во рамки на ПМФЛ, нашите момци од третата позиција на табелата, подготвени го пречекуваат новиот фудбалски предизвик и оваа недела.

Противник на Лавовите во триесеттото коло е екипата на ФК Пелистер Битола, каде нашите момци се домаќини веке во среда 28.04.2021 година, на стадионот Ѓорче Петров со почеток на 13:00 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.