Вест

Најава за натпревар – 31. Коло

Со победата во рамки на триесеттото коло изминатиот викенд, нашите момци со освоени 3 бода од последниот натпревар, од третата позиција на табелата, со освежен состав и дополнително мотивирани ќе гостуваат против екипата на ФК Шкупи.

Натпреварот ќе се одигра во сабота – 01.05.2021 година, на стадионот Петар Милошевски со почеток на 13:00.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на МРТ1 и на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.