Новости

Трансфер – маркет новости

Уште едно топло добредојде за најновото засилување Дејан Блажевски (33) кој по претходната соработка со екипата на ФК Работнички носи дополнителна свежина, цврстина и особено непроценливо искуство во нападот на нашиот тим. “Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока заслужена позиција на табелата.”...
Повеќе

Квалификации ЛЕ – 1. коло

По одработените тренинзи на гостински терен и аклиматизацијата на нашите момци, започнуваме со одбројување на преостанатото време до почетокот на првиот квалификациски натпревар од двомечот со екипата на Алашкерт, закажан за утре. Во продолжение видување за претстојниот меч дадоа Дејан Тантуровски (заменик капитен) и шефот на стручниот штаб Александар Таневски Тантуровски: “Мислам дека сосема заслужено стигнавме до тука, утрешниот натпревар ќе биде тежок за двете екипи, но ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат, а...
Повеќе

Трансфер маркет – новости

И како што веќе навикнавте, во континуитет продолжуваме со претставување на играчките “освежувања” во редовите на нашиот тим, реализирани во рамки на тековниот преоден рок. Уште едно топло добредојде за бразилското засилување Фернандо Аугусто Родригес де Араујо (25) кој директно од Бразил носи дополнителна свежина и цврстина во одбрамбената линија на нашиот тим. “Среќен сум што доаѓам во нова средина каде што сум прифатен од страна на соиграчите и стручниот штаб – нешто што знам дека ќе го...
Повеќе

Трансфер-маркет новости

И како што веќе навикнавте, продолжуваме со претставување на играчките “освежувања” во редовите на нашиот тим, реализирани во рамки на тековниот преоден рок (претходни две: овде и овде). Уште едно топло добредојде, за уште еден повратник во црвено-жолтиот дрес, старо-новиот лав Ален Јашароски (27), кој ќе го засили нашиот тим по успешната соработка со ФК Приштина. “Убаво е да се вратиш кај своите. Среќен сум што сум повторно на овој терен и во овој дрес! Верувам дека можам...
Повеќе