Новости

Најава за натпревар – 33. коло

По загубените три бода изминатиот викенд на гостински терен во Струмица, во рамки на претстојното вонредно 33. коло од ПМФЛ, нашите играчи во Ѓорче ја пречекуваат екипата на ФК Шкупи. Натпреварот ќе се одигра утре, среда – 08.05.2019 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток во 16:30 часот. Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите “лавови” во борбата за нови бодови и со сплотени сили да избориме победа. Очекувана временска прогноза: сончево време, со температура од околу 20°C.

Најава за натпревар – 30. коло

По загубените три поени изминатиот викенд, во рамки на претстојното вонредно 30. коло од ПМФЛ, нашите играчи во Ѓорче ја пречекуваат екипата на Вардар. Натпреварот ќе се одигра во среда – 24.04.2019 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток во 16:00 часот. Да ги поддржиме нашите “лавови” во борбата за нови бодови и со нови сили да избориме победа. Очекувана временска прогноза: сончево време, со температура од околу 21°C. Резервни играчи: Димовски, Мишевски, Стјепановиќ, Изалдо, Јакимовски, Демир, Стојчевски.

Најава за натпревар – 29. коло

По освоениот бод на домашен терен против екипата на Академија Пандев во рамки на претходното 28. коло, со што нашите момци ја одржаа позитивната серија натпревари без пораз, во рамки на претстојното 29-то коло од ПМФЛ одиме во Тетово подготвени за надигрување со фаворитот – екипата на ФК Шкендија. Во пресрет на завршницата на оваа сезона како и големото финале на купот, нашите лавови ќе дадат се од себе да ги искористат сите “математички” шанси за освојување на...
Повеќе

Најава за натпревар – 28. коло

Високо мотивирани и со одлична атмосфера во соблекувалната, нашите момци во рамки на 28-мото коло од ПМФЛ на домашен терен ја пречекуваат екипата на ФК Академија Пандев. Натпреварот кој е на програмата овој викенд, ќе се одигра утре (недела) – 14.04.2019 година, на стадионот Ѓорче Петров, со почеток од 16:00 часот. Како увертира на големото финале во Купот на Македонија, да го исполниме стадионот до последно место и со заеднички сили, лавовски да освоиме нови три бода во...
Повеќе

Најава за натпревар – Куп на Македонија

По победата во првиот дуел од двомечот против екипата на ФК Беласица на гостински терен во рамки на купот на Македонија (резултат: Беласица 0:1 Македонија Ѓ.П.), нашите “лавови” со позитивен резултат влегуваат во реванш дуелот од полуфиналето и подготвени ја пречекуваат екипата од Струмица. Натпреварот ќе се одигра во среда – 10.04.2019 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток во 15:30 часот. Ве повикуваме повторно, заедно да ги поддржиме нашите “лавови” во борбата за одбрана на предноста во...
Повеќе