Фанови

Лавови Ѓорче

Македонија Ѓ.П. од секогаш имала навивачи зад себе, главно во жителите на тогашно Ханриево (сега Ѓорче Петров). Зачетоците на организираното навивање биле во 1988 година кога за првпат се појавиле транспаренти на Кокта, како што популарно се нарекува стадионот Ѓорче Петров. Сегашните навивачи, познати како Лавови се оформени во 1992 година.

Во 2008 година формирана е првата а воедно и единствена подгрупа на навивачката група Лавови – Division Hanrievo. Идејата за формирање на подгрупата потекнува од желбата за подобрување на квалитетот и менталитетот на членовите на матичната група – Лавови, при што сите вистински навивачи на ФК Македонија Ѓорче Петров се обединија во една подгрупа. Името на подгрупата, доаѓа од старото име на населбата Ѓорче Петров, Ханриево.