Вест

Најава за натпревар – 23. коло

По одиграното реми со екипата на Ренова во претходното коло, нашите играчи во рамки на претстојното 23-то коло од ПМФЛ ја пречекуваат екипата на Беласица.

Натпреварот ќе се одигра во сабота – 16.03.2019 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток во 14:30 часот.

Ве повикуваме заедно да ги бодриме нашите “лавови” во борбата за нови три бода овој викенд.

Очекувана временска прогноза: ведро, сончево време, со температура од околу 20°C.