Вест

Лига Европа – квалификациски ждреб (1. коло)

Како што најавивме на самиот крај на сезоната 2018/19, краток беше периодот за одмор на лавовите, кои гладни за нови триумфи веќе се подготвуваат во европски ритам за претстојното прво квалификациско коло од Европа Лигата за сезона 2019/20.

И додека нашите момци неуморно коваат план до својата нова цел, полека наближува почетокот на жешкото квалификациско лето, па така денес во Нион беа извлечени и двојките кои ќе се спротивстават во рамки на првото коло од квалификациите.

За противник, нашите момци ја добија екипата на Алашкерт (Ерменија), а дуелите ќе одиграат на 11-ти јули (гостински терен) и на 18-ти јули (Национална арена Тодор Проески).

Продолжувајќи ги подготовките во висок ритам, преку детална анализа на противникот, лавовски чекориме кон нов “плен,” нов успех каков што Ѓорче заслужува.

Дали сте подготвени за новите “лавовски битки” кои следуваат?
Квалификациското лето започнува набрзо!
Се гледаме во Европа! 🦁