Вест

Трансфер-маркет новости

И додека летните горештини им пркосат на подготовките за претстојното квалификациско лето (повеќе инфо на следниот линк), со задоволство ви ги претставуваме “освежувањата” на клупата во Ѓорче, кои во рамки на тековниот трансфер-период го засилуваат нашиот тим.

Топло добредојде му посакуваме на Ермедин Адем (28), повратник во нашите редови, кој по претходната соработка со екипата на ФК Ренова, повторно го облекува лавовскиот дрес.

“Се вратив дома! Среќен сум што сум повторно во Ѓорче, во добро позната средина и едвај чекам да го дадам својот максимум и да му помогнам на клубот во исполнување на следните предизвици.”

Добредојде назад лаву!