Вест

Најава за натпревар – Куп на Македонија

По победата во првиот дуел од двомечот против екипата на ФК Беласица на гостински терен во рамки на купот на Македонија (резултат: Беласица 0:1 Македонија Ѓ.П.), нашите “лавови” со позитивен резултат влегуваат во реванш дуелот од полуфиналето и подготвени ја пречекуваат екипата од Струмица.

Натпреварот ќе се одигра во среда – 10.04.2019 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток во 15:30 часот.

Ве повикуваме повторно, заедно да ги поддржиме нашите “лавови” во борбата за одбрана на предноста во овој двомеч и преку нова победа на домашен терен да го обезбедиме местото во големото финале!