Вест

Најава за натпревар – 2. коло

По успешното отварање на сезоната и победата над градскиот ривал Вардар во првото коло од ПМФЛ, веќе одбројуваме и со нетрпение го очекуваме следното коло кое треба да донесе нови возбудувања и овој викенд.

По несреќниот пораз во пенал рулетот од финалето на Купот на Македонија претходната сезона, нашите лавови во второто коло од ПМФЛ викендов подготвени, со освежен остав и допочнително мотивирани ја пречекуваат екипата на Академија Пандев.

ПМФЛ 2. коло

Натпреварот ќе се одигра в недела – 18.08.2019 година, на стадионот Петар Милошевски (ФФМ), со почеток во 17:00 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата уште од самиот почеток на сезоната.