Вест

Трансфер – маркет новости

Уште едно топло добредојде за најновото засилување Дејан Блажевски (33) кој по претходната соработка со екипата на ФК Работнички носи дополнителна свежина, цврстина и особено непроценливо искуство во нападот на нашиот тим.

“Македонија Ѓорче Петров е одличен тим со супер услови за работа. Доаѓам во Ѓорче да дадам максимум од моите капацитети и искуство и да му помогнам на тимот во исполнување на претстојните предизвици, а тоа се нови заеднички успеси и што повисока заслужена позиција на табелата.”

Добредојде легендо!