Вест

Најава за натпревар – 33. коло

По загубените три бода изминатиот викенд на гостински терен во Струмица, во рамки на претстојното вонредно 33. коло од ПМФЛ, нашите играчи во Ѓорче ја пречекуваат екипата на ФК Шкупи.

Натпреварот ќе се одигра утре, среда – 08.05.2019 година, на Стадионот Ѓорче Петров, со почеток во 16:30 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите “лавови” во борбата за нови бодови и со сплотени сили да избориме победа.

Очекувана временска прогноза: сончево време, со температура од околу 20°C.