Вест

Квалификации ЛЕ – 1. коло

По одработените тренинзи на гостински терен и аклиматизацијата на нашите момци, започнуваме со одбројување на преостанатото време до почетокот на првиот квалификациски натпревар од двомечот со екипата на Алашкерт, закажан за утре.

Во продолжение видување за претстојниот меч дадоа Дејан Тантуровски (заменик капитен) и шефот на стручниот штаб Александар Таневски

Тантуровски:

Мислам дека сосема заслужено стигнавме до тука, утрешниот натпревар ќе биде тежок за двете екипи, но ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат, а тоа е се освен пораз. За противничката екипа Алашкерт имаме голема почит, тие важат за една квалитетна екипа која што веќе 4 години по ред игра во европските натпреварувања. Тоа можеби ги прави фаворит, но јас мислам дека ќе биде сосема неизвесно, а тоа ќе го докажеме ние на утрешниот натпревар.”

Таневски: 

“Не очекува натпревар со добар противник, кој игра допадлив фудбал. Последните неколку години ја претставува Ерменија во европските натпреварувања, ги респектираме и ќе влеземе максимално претпазливо во првите 90 минути. Спремни го дочекуваме натпреварот, а неколкуте добро одиграни пријателски натпревари се знак дека сме добро подготвени за она што не очекува. Познавајки ги моите момци кои имаат силен лавовски карактер и многу пати до сега покажаа дека кога е најпотребно знаат да го дадат својот максимум ми дава за право да верувам во добар резултат на утрешниот натпревар.”

Среќно лавови!!!