Вест

Најава за натпревар – 28. Коло

Со победата во претходниот дуел од натпреварот против екипата на ФК Борец на домашен терен во рамки на ПМФЛ (со резултат:  Македонија Ѓ.П. 2:1 ФК Борец), нашите Лавови со освежен состав и дополнително мотивирани ќе гостуваат против екипата на ФК Работнички Скопје.

Натпреварот ќе се одигра во недела – 18.04.2021 година, на Арена Тоше Проески, со почеток на 13:00 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.