Вест

Најава за натпревар – 29. Коло

По одиграното реми во рамки на дваесет и осмото коло изминатиот викенд, нашите момци со освоени 4 бода во двата натпревари досега, од третата позиција на табелата, подготвени го пречекуваат новиот фудбалски предизвик и оваа недела.

Противник на Лавовите во дваесет и деветото коло е екипата на ФК Струга Трим & Лум, каде нашите момци се домаќини во недела 25.04.2021 година, на стадионот Ѓорче Петров со почеток на 13:00 часот

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.