Трансфер-маркет новости
По објавувањето на првото “освежување” на клупата во тековниот преоден рок (објава на следниот линк), ред е да го претставиме и второто име кое изминатите денови го засили нашиот тим.
Топло добредојде му посакуваме на Лука Трајкоски (19), “младата крв” на крилна позиција во нашиот состав, кој со својот огромен потенцијал како еден од најдобрите млади играчи на ФК Победа од Прилеп изминатата сезона, ќе добие шанса за уште поголем напредок во црвено-жолтиот дрес.
“Среќен сум за моето доаѓање во Ѓорче и се чувствувам одлично во новата средина. Задоволен сум од она што го видов досега, од тоа како клубот е организиран и функционира и се’ укажува на тоа дека како млад играч ќе имам шанса на напредувам.
Ветувам дека ќе дадам се’ од себе и достојно ќе ги носам боите на овој дрес.”
Добредојде Лука!