Најава за натпревар – 28. коло
Високо мотивирани и со одлична атмосфера во соблекувалната, нашите момци во рамки на 28-мото коло од ПМФЛ на домашен терен ја пречекуваат екипата на ФК Академија Пандев.
Натпреварот кој е на програмата овој викенд, ќе се одигра утре (недела) – 14.04.2019 година, на стадионот Ѓорче Петров, со почеток од 16:00 часот.
Како увертира на големото финале во Купот на Македонија, да го исполниме стадионот до последно место и со заеднички сили, лавовски да освоиме нови три бода во борбата за позиција погоре на табелата во домашното првенство.
Очекувана временска прогноза: стабилно време, со температура од околу 21°C.
![](https://fkmakedonija.mk/wp-content/uploads/2019/04/5C1C0737-E94A-4269-9E35-6E571F7F426E.jpeg)
Резервни играчи: Димовски, Пеналва, Костовски, Емини, Карвалхо, Демир, Стојановски