Вест

Најава за Натпревар 22 Коло

По поразот со ФК Академија Пандев од претходниот натпревар, нашите Лавови во дваесет и второто коло од ПМФЛ викендов се подготвени, со освежен и мотивиран состав ќе ја пречекаат екипата на ФК Силекс  Кратово.

Натпреварот ќе се одигра во сабота – 06.03.2021 година, на стадионот Ѓорче Петров, со почетокот на 14:00 часот.

Ве повикуваме заедно да ги поддржиме нашите момци, преку малите екрани, на страницата FFM.TV во борбата за нови бодови и зацврстување на позицијата на врвот на табелата.